Lidiavet - Новитети

Гратис ампула Frontline spot on

Печати PDF

Нова акција до крајот на месец Март во сите пет шопови на Ројал Канин (Педагошка, Центар, Рамстор и Кавадарци) сo секоја купена вреќа храна добивате гратис ампула Frontline spot on.

Ампулата исто така може да ја добиете и со купени 3 кг храна рефус за мачки.

Frontline е најефикасно средство за уништување на болвите и крлежите. Го спречува ширењето на болестите преносливи на човекот, преку крлежите.

Frontline е лесен за употреба и има ефикасна заштита. Ги штити миленичињата еден месец од крлежи, два месеци од болви. Ова средство е водотпорно и нетоксично, а може да се користи и во период на гравидитет и доење.

Производител на ова ефикасно средство во борбата против болви и крлежи е француската фармацевска компанија Мериал.

На следниов линк можете да го проследите начинот на аплицирање на емпула Frontline.

http://www.youtube.com/watch?v=VjHa8QYd6co&feature=share

.

Royal Canin Instinctive in jelly

Печати PDF

Парчиња месо во желе за мачки над една година старост..
Достапно во пакување од 85 грама.

Атрактивни хранливи состојки

 

Инстиктив во желе е прецизна формула која го задоволува оптималниот нутриционистички профил, кој е инстиктивно прифатлив за возрасните мачки.

 


Здрав уринарен систем

 

Пружа поддршка за здрав уринарен систем така што ја намалува концентрацијата на минерали кои можат да предизвикаат појава на иринарни камчиња.

 

Одржување на идеалната тежина

 

Парчињата месо во сос се произведени на тој начин  што имаат изразена палатабилност и при тоа обезбедуваат умерено внесување на енергија во организмот.

 

 

Има две опции на хранење – 100% влажна храна или комбинација на гранули како што е прикажано на табелата. Ова компетна храна за мачки.

 

 

 

 

 

 

.

Royal Canin SHN Medium starter

Печати PDF

Храна за кученца од средни раси кои цицаат до двомесечна возраст, како и за кучките започнувајќи од крајниот период на гестација па продолжувајќи во текот на лактацијата.

 

Инспириран од научните истражувања, BIRTH PROGRAMME е единственото нутриционистичко решение кое ги задоволува потребите кучката и нејзините малечки во текот на првата фаза од нивниот животен циклус: гестација, раѓање, лактација, доење и раст до двомесечна возраст.

 

Како резултат на научните истражувања на Royal canin, START COMPLEX  е ексклузивна комбинација од нутриционистицки елементи кои се присутни во мајчиното млеко, кои задно со нутритиентите активно придонесуваат кон сигурен процес на варење и го зајакнуваат природниот имунитет на новородените кученца.

 

ПОДДРШКА ПРИ ГЕСТАЦИЈАТА И ЛАКТАЦИЈАТА

Нутриционистичкиот профил кој е адаптиран на потребите на кучката содржи висока количина на енергија во крајниот период на гестацијата и во текот на лактацијата.

ИДЕАЛЕН ПРЕМИН ОД МЛЕКО НА ЦВРСТА ХРАНА

Нутѕриционистички одговор кој обезбедува согурен премин од мајчиното млеко на цврстата храна (енергетска вредност, квалитетни протеини, масти).

ЛЕСНА РЕХИДРАТАЦИЈА

Гранулите имаат таква текстура што им овозможува многу лесно да се рехидрираат и да добијат облик конзистентен на лажица, а кој при тоа е многу вкусен за кученцата.

 

 

.

Frontline - заштита од болви и крлежи преку целата година

Печати PDF


Едно пакување содржи три ампули со по 0,5 ml FRONTLINE spot on раствор за локално капнување на кожата. Растворот се нанесува дирекно на кожата меѓу лопатките на грбот на мачката (место непостапно за лижење). После правилната употреба тој обезбедува 5 неделна заштита од болви и еденo месечна од крлежи.

Која е активната супстанца на FRONTLINE и каков е неговиот состав?

FRONTLINE содржи фипронил, кој е прв од потполно новата фамилија молекули наречени phenylpyrazole. (Тоа не е органофосфорен состав). Тоа е единствениот молекул ефикасен во уништувањето на болвите и крлежите подеднакво и кај кучињата и кај мачките.

Каде можам да купам FRONTLINE?

FRONTLINE може да се купи во ветеринарните амбуланти.

Колку брзо FRONTLINE ги убива болвите и крлежите?

FRONTLINE ги убива болвите кои веќе се наоѓаат на животното 4 часа по примената. FRONTLINE за 8 часа уништува 98% од болвите, а за 24 часа 100%. Сите нови придојдени болви од околината ќе бидат мртви за 24 часа, пред да изведат јајца. FRONTLINE уништува 90% од крлежите за 24 - 48 часа, при тоа намалувајќи го ризикот од болести кои тие ги пренесуваат.

Дали е неопходно болвите и крлежите да го каснат моето милениче за FRONTLINE да започне да делува?

Не. FRONTLINE ќе ги уништи болвите и крлежите веднаш штом ќе дојдат во контакт со крзното, во текот на временските интервали кои ги наведовме погоре.

После колку време по третманот можам да го погалам своето милениче?

Веднаш штом ќе се исуши крзото.

На кој начин FRONTLINE spot on се шири по кожата?

После нанесувањето на површината на кожата, активната супстанца (fipronil) се разлева во себумот тоа е природно масло кое се наоѓа во кожата и на крзното.
Содржината се шири на сите делови од површината на телото за 24 часа по апликацијата и тоа на два начина:
1) од површината на кожата до лојните жлезди (осмоза);
2) нормалните движења на телото на животното придонесува кон разлевање на FRONTLINE по кожата.

Од која причина FRONTLINE се задржува толку долго на крзното?

По аплицирањето на FRONTLINE spot on, алкохолниот носач испарува, оставајќи ја активната супстанца фипронил да се врзе за себумот и на тој начин да ги прекрие влакната и кожата.
Тогаш фипронилот се депонира во лојните жлезди на кожата кои ја снабдуваат со себумот, кое ја прекрива т.е. ја одржува кожата на мачките и на кучињата.
Лојните жлезди делуваат како депоа кои со лачењето на себумот осигуруваат постојано присуство на активната супстанција на површината на кожата и влакната .
Оттука станува јасно зошто FRONTLINE делува толку долго дури после капењето и шампонирањето.

Колку е долго дејството на FRONTLINE?

Spot on: против болвите околу 2 месеци кај кучињата и до 5 недели кај мачките.
FRONTLINE spot on може да се употребува месечно доколку животното има сериозни проблеми со болвите.
Против крлежите, потребна е примена еднаш во месецот.

Поради што FRONTLINE делува подолго време против болвите кај кучињата отколку кај мачките?

Постојат повеќе причини, меѓу нив и разликата во себумот и излачувањето на лојните жлезди и различноста на начинот на дружење меѓу кучињата и мачките.

Може ли FRONTLINE да се применува почесто од препорачаните интервали за терапија?
 
Нема потреба FRONTLINE да се аплицира почесто од препорачаните интервали.
Од друга страна во случај на неправилна апликација повторното аплицирање е дозволено, препаратот е сигурен и нетоксичен,  негативни ефекти не се забележани ниту во случаи на прекумерно дозирање, ниту пак при зачестена примена.

Колку е сигурен FRONTLINE?

Како и сите дрги ветеринарни производи, FRONTLINE поминува низ темелни истражувања на неговата сигурност и ефикасност пред да биде производот пуштен во дистрибуција.
Исто така неговата сигурност и ефикасност континуирано се проценува и на пазарот.
Праксата покажува дека има одличена формула која обезбедува сигурност кај кучињата и кај мачките.

Што ќе се случи ако моето милениче го излиже крзното веднаш после аплицирањето на FRONTLINE?

FRONTLINE има многу висок праг на сигурност за мачките и за кучињата. Секако, алкохолниот носач може да предизвика зголемена саливација (лачење плунка), доколку животното го излиже местот на аплицирање пред да се исуши.

Ако сакам да го избањам/шампонирам моето куче/маче дали треба да го повторам третманот со FRONTLINE?

Кучињата/мачките може да бањаат/шампонираат со кондиционирани шампони до 4 пати во 2 месеци, меѓутоа не смеете да ги шампонирате 48 часа пред или после третманот или најмалку 24 часа после третманот да не им се дозволи да пливаат во вода.
Доколку миленичињата се бањаат почесто од наведеното или користат дерматолошки шампони, тогаш треба да се третираат секој месец.
FRONTLINE е водоотпорен откако ќе се депонира во лојните жлезди (24-48 часа) затоа капењето во тој период не е препорачливо се со цел да се постигне максимален ефект.
Оној момент кога завршило распоредувањето на фипронилот, ниту  капењето неможе да го намали ефект, нешто што го прави овој препарат единствен.

.