Брендови
Lidiavet - Merial вакцина - Rabisin
Инактивирана течна вакцина против вирусот на беснило
Тоа е моновалентна вакцина, наменета за активна имунизација на здрави кучиња, мачки, говеда, свињи, коњи и овци против вирусната болест беснило.
![]() |
Како делување вакцината? Вакцината по апликацијата кај животното, потикнува создавање противантитела за вирусот на беснило. Имунитетот настапува за 7-10 дена, а вакцината ги заштитува кучињата и мачките од инфекција со вирусот на беснило во траење од 36 месеци, а кај другите животни нешто подолго од 12 месеци. |
Индикации
Вакцината RABISIN е наменета за активна имунизација на здрави животни.
Начин на имунизација
Дозата за сите животни без разлика на видот,сортата и категоријата изнесува 1 мл., а се применува по следнава програма:
• Подмладок од неимуни мајки – 4 недели старост
• Подмладок од имуни мајки - 11 недели старост
• Повторна вакцинација- секоја 1,2 или 3 година согласно Законот за заштита на животните
Контраниндикации
Не смее да се вакцинираат болни и исцрпени животни, како и оние кај кои постои сомнеж мдека се инфицирани или заболени од вирусот на беснило.