Lidiavet - Newborn - Coloboost

Newborn - Coloboost

Печати PDF

Замена за колострум за новородени кучиња и мачиња

 

 

 Карактеристики

 

По раѓањето, внесот на колострум е пресуден за животот на новородените мачиња и кучиња и тој го зголемува степенот на преживување во првите две недели од животот (кои се најкритични за новороденчињата). Посебно кога е внесот оневозможен во различни случаи: прва гестација, старост или слабост на мајката, недоволна количина на колострум, голем број новороденчиња во едно легло, мастити, неонатален морталитет кај кучката.


Исто така се препорачува во случаи кога кучињата или мачињата се слаби поради поради слабиот рефлекс за цицање, долго и тешко породување, царски рез, а кај малите раси поради голем број на единки во леглото.


COLOBOOST Pet е замена за колострум, која обезбедува создавање на брз и ефикасен локален имунитет.
Растворливиот прашoк за орална употреба е составен од :


•    Колострум кој обезбедува имуноглобулини: Ig G,A и М
•    Лактосерум кој содржи протеини масти. Овие протеини имаат идеален однос на аминокиселини неопходен на кучињата и мачињата (близок на идеалниот однос).
•    Декстроза, едноставен шеќер кој лесно се метаболизира.
•    Инулин од цикорија кои имаат пробиотски ефект така што го стимулираат растот на бифидобактеријата (позитивна микрофлора) во дигестивниот тракт, така што се инхибира евентуалниот раст на патогените бактерии.

 

 


УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА


•    Се раствора 4 гр. COLOBOOST Pet (една лажичка од пакувањето во шишенцето за хранење со 60 мл. млака вода)
•    Прва доза: што побрзо после раѓањето.
•    Втора доза: после 8 саати.
•    Трата доза: 24 саати после раѓањето.

Количина за секоја доза е во зависност од големината на расата:


•    Мали раси кучиња и мачиња (тежина од 250 гр. до 350 гр.по раѓањето) дозата е 10 - 20 мл.
•    Средни раси кучиња (тежина од 350 гр. до 500 гр. по раѓањето) дозата е 20 - 30 мл.
•    Големи раси кучиња (тежина преку 500 гр. по раѓањето) дозата е     30-40 мл.

 

 

СОСТАВ


Лактосерум 32%, колострум 25%, млечни протеини 20%, декстроза 20%, Инулин на цикоријата, арома на млеко ванила.

Просечна анализа:
Протеини .......................................36,23%                                                                                 

Масти ..............................................0,67%                                                                                Пепел...............................................3,01%                                                                                

Сурова целулоза.................................0%                                                                                  Влага................................................4,82%

 

 

Рок на траење

Две години во оргиналното пакување.                                                                                          

 

Да се чува на собна температура заштитено од дневна светлина.

 

Пакување
Пластична кутија од 50 гр. со лажичка и шишенце од 60 мл

.