Lidiavet - Dermoscent -EFA Treatment (за кучиња и мачки)

Dermoscent -EFA Treatment (за кучиња и мачки)

Печати PDF

Шампон без сапун наменет за осетлива кожа со алергиски реакции кај кучиња и мачки.

 

Карактеристики:

•    Темелно ја чисти најосетливата кожа и влакно,
•    Ефикасно ја елиминира нечистотијата и алергените,
•    Ја смирува и ја намалува иритацијата,
•    Го намалува создарвањeто нa првут,
•    Ја хидрира кожата и ја зголемува природната одбрамбена функција на епидермисот.


Индикации:

•    Примарни индикации:
Специфичен шампон за осетлива и кожа подлoжна на алергии. Се препорачува кај случаи со умерен  пруритус (чешање).
•    Секундарни индикации:
Дополнителна нега кај тешки случаи на иритација на кожата предизвикана од алергии или себореа и комплементарност со традиционалните антисептички шампони.


Упатство за употреба:

Се користи еднаш или два до три пати неделно, според потребата кај поблаги облици на алергија, или како дополнителна нега со други дерматолошки препарати. Наводенете го животното и со рацете нанесете на целото тело шампон со благо масирање, после кое се формира слој на пена, која лесно и брзо се плакне.


Пакување:

За кучиња и мачки – Шишенце од 200 ml


Боја и текстура на производот:

Светло плава течност

 


Мирис:

Без дополнителна арома, со природен мирис на есенцијалните масла кои се содржани во формулата.

 



Клинички испитувања:

Ефикасноста на производот е докажана во клиничка студија на 8 кучиња и 6 мачки, која е вршена под контрола на ветеринар. Одлични резултати се постигнати во неколку критериуми.

 

.