Брендови
Lidiavet - Dermoscent - Atop 7 (за кучиња)
![]() |
Специфичен третман за дополнителна нега при појави на чешање на кожата и кај кожа со предиспозиција на алергиски дерматити |
Карактеристики на производот :
• Без конзерванс, 100% природни состојки,
• Го смирува и го отстранува чешањето,
• Ги смирува иритациите,
• Ја хидрира кожата и воспоставува природен баланс на хидратација,
• Го смирува интензитетот на воспалувањето,
• Подобрување на функцијата на кожната бариера, така што ја прави кожата помалку подложна на инфекции,
• Го намалува ризикот од секундарни инфекции,
• Го смалува присуството на алергени.
Индикации:
• Примарни индикации:
Смирувачка и хидратантна емулзија за кучиња, помага кај повредена и иритирана кожа подложна на алергии и во сите случаи на чешање.
• Секундарни индикации:
Дополнителна нега како дополнување на дејството на кортикостероидите или циклоспорините, како и подобра контрола на заболувањето.
Упатство за употреба:
• Се прска дирекно на кожата.
• Содржи 100% природни состојки, и како таков ATOP7® се препорачува за честа употреба, со едно до две апликации на местото на чешање во зависност од интензитетот. Го намалува чешањето, го намалува воспалението и ја подобрува функцијата на кожата како заштитна бариера.
• Како алтернатива на топикалните стереоиди ATOP7® е сигурна дополнителна нега во третманот на воспалувањето и овозможуваат намалување на стресот.
Пакување:
Спреј од 75 ml во катронска кутија.
Боја и текстура на производот:
Млечна емулзија.
Мирис:
Без дополнителна арома, со природен мирис од есенцијалните масла што ги содржи формулата.
Клинички испитувања:
Делотворноста на производот е докажана во клиничките испитувања под надзор на ветеринарите со метод на бодување на 10 заболени кучиња со различен степен на пруритус. Сите 10 кучиња биле третрирани со ATOP 7 ® спрејот. Извонредни резултати се покажани по критериумот на површински лезии, интензитетот на лезиите, еритрем и чешање.